Амбасадорката на Украина во посета на Агенцијата за примена на јазикот

70
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, беше домаќин на делегација предводена од Наталија Задорожњук, амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија и Роман Буга, прв секретар и заменик на амбасадорот.
Посетата на АПЈ беше остварена на покана на директорот Села којшто изрази благодарност за посетата до своите соговорници, а воедно ги информираше за работата и функционирањето на АПЈ како важен институционален субјект во насока на поддршка на владините заложби за изградба на општествена средина која ги почитува, заштитува и унапредува правата на своите граѓани, вклучително и правото на изразување и употреба на својот мајчин јазик. Директорот Села им врачи на гостите и примерок од изготвените публикации на АПЈ и ги информираше за просторните, техничките и кадровските капацитети со коишто располага АПЈ.
Амбасадорката Задорожњук се заблагодари за поканата за посета од директорот Села, при што истакна дека Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија ја поддржува и препознава важната улога на АПЈ и изрази подготвеност за дијалог, а воедно беа разменети мислења околу спроведувањето на јазичните политики и планот за работа на АПЈ во наредниот период.
Двете страни дискутираа и за можностите за меѓусебна соработка преку учество на настани организирани од двете страни, како и размена на искуства и реализација на студиско патување во Украина.
Можеби исто така ви се допаѓа