Албанолошкиот институт во Приштина и Агенција за примена на јазикот ќе реализираат заеднички проекти

51

Вo рамки на меѓуинституционалните состаноци, директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, го посети Албанолошкиот институт во Приштина, каде беше пречекан од раководителот на оваа институција, Хисни Матоши, секретарот Силе Касумај и албанологот Ќемал Мурати.

Во оваа прилика, директорот Села го известил Албанолошкиот институт за организацијата на Агенцијата за примена на јазикот, досегашната работа, предизвиците, пречките и плановите за иднината.

На состанокот страните се согласија дека и двете институции треба да соработуваат и дека тоа треба да се постигне преку потпишување на конкретен билатерален договор.

Директорот Села побара поддршка преку искуството на Албанолошкиот институт, особено во областа на публикации, конференции, семинари и компилација на речници за терминологија.

Воедно, Села го покани шефот на Институтот да ја посети Агенцијата за примена на јазикот за да се конкретизира билатерална соработка.

9.9.2019
Приштина

Можеби исто така ви се допаѓа