Академијата за албанолошки студии во Тирана му додели благодарница на директорот на АПЈ, Илбер Села

1
Во рамките на „Денови на албанологијата‟, кои се одржаа во Тирана, каде што учествуваа претставници на разни научни институции, учество зема и Агенцијата за примена на јазикот, предводена од директорот Илбер Села и неговите соработници. По тој повод тој ги поздрави присутните истакнувајќи дека преку заемната соработка со институциите на сите албанските простори и пошироко, АПЈ успеала да го афирмира нејзиниот интерес, улогата и ангажирањето во корист на албанскиот јазик. Подржувајќи ги „Деновите на албанологијата‟, додаде тој, сè повеќе стануваме сведоци дека сме целосно заеднички посветени во сите стратегии на албанолошките проучувања, особено во делот што се однесува на албанскиот јазик.
На крај, се доделија благодарници за истражувачкиот и научниот придонес на претставниците од институциите. По тој повод, ректорот на Академијата за албанолошки студии, проф. д-р Љуан Пржита му додели благодарница и на директорот на АПЈ, проф. д-р Илбер Села, за придонес за примената, заштитата и афирмацијата на албанскиот јазик.
Можеби исто така ви се допаѓа