Агенција за примена на јазикот ја промовираше Брошурата со информации за јазичните права на граѓаните на РСМ

217

По повод 26-ти Септември – Европсиот ден на јазиците, Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) одржа настан, каде пред претставници на неколку дипломатско-конзуларни претставништва, државни институции, здружение на граѓани и медиуми, ја промовираше брошурата ИНФОРМАЦИИ ЗА ЈАЗИЧНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.
Во ова прилика, пред присутните брошурата се презентираше од страна на директорот на АПЈ, Илбер Села, и тимот на Агенцијата.
Директорот Села имаше излагање истакнувајќи ја важноста и симболиката на денешниот датум на којшто се слави и одбележува мултијазичноста и јазичната посебност ширум Европскиот континент.
Брошурата е прва официјална публикација на АПЈ, која e изготвена на македонски, албански и англиски јазик.
Брошурата има за цел да ја зголеми свеста на граѓаните за јазичните права и правото да се користи кој било од службените јазици при остварување на нивните права во постапките пред органите на државната власт, на централно и локално ниво.
На крајот на настанот, директорот Села одговараше на новинарските прашања поврзани со активностите на АПЈ и спроведувањето на нејзините законски надлежности.

Можеби исто така ви се допаѓа