Агенцијата за примена на јазикот пречека претставници од Форумот ЗФД

61

Bо канцелариите на Агенцијата за примена на јазикот се одржа состанок помеѓу Агенцијата за примена на јазикот и претставниците на Форумот ЗФД. На средбата претставници на Форумот ЗФД ги презентираа проектите што ги реализирале, како и проектите што се очекува да ги реализираат.

Агенцијата за примена на јазикот изрази подготвеност да соработува со Форумот ЗФД на различни полиња, како проекти за спроведувањето на двојазичноста, конференции, семинари, летни школи итн.

27.8.2019
Скопје

Можеби исто така ви се допаѓа