Агенцијата за примена на јазикот пречека претставници на Одделението за човекови димензии на мисијата на ОБСЕ во Скопје

155

Раководителот на ова одделение, Алесио Зукарини, и претставничката Татјана Темелкоска денеска беа пречекани од директорот на Агенцијата, Илбер Села, додека на средбата се разговараше за темата и работата на Агенцијата за примена на јазикот.

На средбата, претставниците на Одделението за човекови димензии беа информирани за тековните активности на Агенцијата, предизвиците, пречките, плановите и идеите за во иднина.

Директорот Села им се заблагодари на претставниците на ОБСЕ за помошта што досега им ја пружеле на Северна Македонија, барајќи поддршка и соработка за јазични и меѓуетнички проекти за соработка во Северна Македонија.
Од друга страна, Зукарини истакна дека се подготвени да ја пружат својата поддршка колку што ОБСЕ има капацитети. Во овој поглед, беа предложени можности за потпишување Меморандум за разбирање помеѓу Агенцијата и релевантниот оддел на ОБСЕ, подготовка на групи за координативна соработка во спроведувањето проекти од заеднички интерес, конкретна поддршка од ОБСЕ во двата аспекти на функционирањето на Агенцијата, итн.

Страните се согласија дека иднината на земјава е создавање мултиетничко, мултикултурно и мултијазично општество кое ќе зачекори кон Европската унија како единствен пат за напредокот и развојот на земјата.

4.9.2019
Скопје

Можеби исто така ви се допаѓа