Агенцијата за примена на јазикот потпиша меморандум за соработка со Албанската академија на науките

64

Делегација на Албанската академија на науките, предводена од нејзиниот претседател Скендер Ѓинуши, денеска беше на официјална посета во Агенцијата за примена на јазикот во Скопје. Во состав на делегацијата беа академикот Шабан Синани, академикот Ѓовалин Шкуртај и Албана Велиањ, надлежна во Секторот за научни изданија и научна библиотека.
Делегацијата беше примена од директорот на АПЈ, Илбер Села и неговите соработници.
За време на средбата, директорот Села ги информираше членовите на делегацијата во врска со работата и активностите што се одвиваат во оваа институција. Исто така, академикот Ѓинуши зборуваше за важноста на соработката помеѓу двете институции, во интерес на албанскиот јазик како заедничка вредност.
По тој повод, директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села како и претседателот на Албанската академија на науките, Скендер Ѓинуши, потпишаа меморандум за соработка.
На крајот од оваа средба, Албанската академија на науките, за библиотеката на Агенцијата за примена на јазикот, и подари одреден број книги.

Можеби исто така ви се допаѓа