Агенцијата за примена на јазикот потпиша Меморандум за соработка со Албанолошкиот институт во Приштина

42
Во рамките на Деновите на албанската азбука 2020 година, денес во Скопје Агенцијата за примена на јазикот потпиша Меморандум за соработка со Албанолошкиот институт во Приштина.
Меморандумот е потпишан од страна на двајцата директори на овие институции, д-р Илбер Села (АПЈ) и д-р Хисен Матоши (АИП).
По овој свечен чин, тие ја истакнаа симболиката што ја има овој меморандум затоа што е потпишан токму во Деновите на албанската азбука, како и посебната важност на соработката во областа на албанскиот јазик, разните научни и културни размени итн.
Можеби исто така ви се допаѓа