Агенцијата за примена на јазикот на РСМ и Универзитетот „Укшин Хоти“ ја официјализираа одличната соработка

5
Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, претставувана од директорот Илбер Села, потпиша Спогодба за соработка со Универзитетот „Укшин Хоти“ од Призрен, претставувана од ректорот проф. д-р Самедин Крабај.
Спогодбата претставува формализирање на соработката меѓу двете страни во спроведување на заеднички активности, организирање на научни средби, предавања од страна на јазични експерти за албанскиот јазик и култура, спроведување на заеднички научни проекти, размена на публикации, како и други активности.
Универзитетот „Укшин Хоти“ претставува јавна научно-образовна установа со седиште во Призрен, Република Косово, и потпишувањето на ваквиот документ со АПЈ ќе овозможи создавање цврсти темели за продлабочена соработка меѓу страните потписнички.
Можеби исто така ви се допаѓа