Агенцијата за примена на јазикот и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците потпишаа договор за соработка

154

Денеска делегација на Агенцијата за примена на јазикот, предводена од директорот Илбер Села, го посети Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје. Со цел зајакнување на меѓуинституционална соработка, тој и директорот на Институтот, Скендер Асани, потпишаа договор за соработка за меѓусебна професионална поддршка, особено во областа на зачувувањето на унифицираниот албански јазик.
Со овој договор се предвидува соработка во области од заеднички интерес, како што се размена на ресурси, кадри, литература и искуства за правилна примена на албанскиот јазик во Република Северна Македонија; сензибилизирање на пошироката јавност за потребата од култивирање и зачувување на јазичното наследство на албанскиот јазик како национално богатство; промовирање и зачувување за унифицираниот албански јазик; разгледување на можностите за поддршка на меѓусебни проекти помеѓу ИДКНА и Агенцијата за примена на јазикот за спроведување на разни проекти за реализација на целите на овој меморандум; стимулирање на заеднички проекти итн.
Овој меморандум е во рамки на напорите на овие две институции за проширување на своите капацитети и зголемување на нивото на соработката во областа на зачувување и култивирање на албанскиот јазик.
Скопје, 24.10.2019 г.

Можеби исто така ви се допаѓа