Агенцијата за примена на јазикот и Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија ќе соработуваат во иднина

66

Вчера се одржа официјална средба помеѓу Агенцијата за примена на јазикот (AПЈ) и Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ).

Директорот на АПЈ, Илбер Села, ја пречека претседателката на ЗПРМ, Огнена Никуљски, и ја запозна со активностите, предизвиците, пречките и плановите на Агенцијата, за во иднина.

Од друга страна, Никуљски информираше за проектите на кои работи ЗПРМ, како и за постојните можности за билатерална соработка.

Покрај аспектите на соработката, Села и Никуљски разговараа и за можноста за потпишување Меморандум за соработка, со што ќе се продлабочи билатералната соработка во разни проекти за превод и лекторирање.

Скопје, 17.9.2019

Можеби исто така ви се допаѓа