Агенцијата за примена на јазикот и Агенцијата за храна и ветеринарство реализираа работна средба

66

Во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија (АХВ) беше остварена работна средба помеѓу Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, и Илбер Села, директор на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ).

Директорот Села изрази задоволство за можноста за остварување на прва работна средба со директорот Атанасов и го информираше соговорникот за работата и надлежностите на АПЈ. Воедно, истакна дека АПЈ е отворена за соработка со АХВ во делот на советодавни информации за спроведување на Законот за употреба на јазиците, како и помош во обезбедување превод и лекторирање на обрасци, формулари и останата документација која прозилегува од тековното работење на АХВ.

Директорот Атанасов истакна дека АХВ нема доволен капацитет за превод на службената документација од македонски на албански јазик и обратно, и во тој дел побара советодавна и логистичка помош од АПЈ заради спроведување на своите институционални обврски кои произлегуваат од Законот за употребата на јазиците.

Воедно, ја изрази подготвеноста за натамошно продлабочување на меѓусебната соработка и се заблагодари за позитивниот пристап и поддршката од страна на АПЈ за работата на АХВ.

Скопје, 1.10.2019 г.

Можеби исто така ви се допаѓа