Агенцијата за примена на јазикот – дел од активностите за Деновите на азбуката

53

Како дел од соработката помеѓу Агенцијата за примена на јазикот и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците денеска во Битола ги започнаа активности за одбележување на 111-годишнината од Денот на албанската азбука.

На овој настан присуствуваа политички функционери, љубители на културата итн. Пред присутните се обрати директорот на ИДКНА во Скопје – д-р Скендер Асани, вицепремиерот Садула Дураку, потомок на семејството Хасан Приштина – Мехмет Приштина, директорот на Музејот на азбуката на албанскиот јазик во Битола – Нуер Арслани. Исто така, поздравен говор имаше и директорот на АПЈ, д-р Илбер Села, кој, меѓу другото, рече: „Јазикот се смета како една од основните карактеристики на етничкиот идентитет на еден народ. Во 1908-мата година азбуката беше унифицирана, а сега започнавме да ја унифицираме терминологијата на различните полиња.”

Во оваа прилика, беше промовирана и книгата „Протестантското движење меѓу Албанците” од авторот Дејвид Хосафлук. Обраќање за книгата имаше д-р Јорина Криезиу-Шкрета, Ледио Хала и Бертина Салиу. По нив, зборуваше самиот автор на книгата, кој се фокусираше на историјата на протестантското движење кај Албанците, особено за нивниот придонес во Битола, каде се одржуваше Конгресот за азбуката.

Можеби исто така ви се допаѓа