Агенцијата за примена на јазикот го одбележа Меѓународниот ден на преводот

170

Агенцијата за примена на јазикот го одбележа Меѓународниот ден на преводот, со панел на тема „Предизвиците на преводот во Република Северна Македонија“ каде присуствуваа претставници на различни институции. Панелот го отвори директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, кој ги поздрави учесниците запознавајќи ги со предизвиците и работните текови на институцијата.

Со свои презентации учествуваа Ајтене Ќамили од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Едлира Бушати од Универзитетот во Скадар, Изер Максути од Универзитетот во Призрен, Ќемал Мурати од Албанолошкиот институт во Приштина, Беса Дрндар од Собранието на Република Северна Македонија, Огнена Никуљски од Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија, Аслан Хамити од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Зеќирја Ибрахими од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, Бертон Сулејмани од Универзитетот на Тетово, Мустафа Ибрахими од Универзитетот „Мајка Тереза“ Марјан Патлиџанковски и Ахмет Селмани од Агенцијата за примена на јазик и др.

Учесниците главно се фокусираа на предизвиците на преводот во целина, со посебен акцент во Република Северна Македонија. Во овој панел се истакнаа голем број феномени, проблеми и тешкотии при преводот, како и примената на стандардниот албански јазик. Од панел дискусијата се изрази потребата од создавање услови за подигање на свеста околу оваа проблематика, да се зголеми грижата за негување и зачувување на јазикот, да се изготват потребните терминолошки речници кои ќе служат за преведувачите, да се избере подобар кадар по институциите, да се зголеми образовниот квалитет итн.

Со оглед на слабиот квалитет на образованието во целина, учесниците на панелот истакнаа дека треба да се направи многу ригорозен избор на стручни преведувачи кои ќе бидат вклучени во областа на преводот и со тоа да се зачува албанскиот јазик.

Секако, во овој контекст, сите учесници дадоа целосна поддршка на Агенцијата за примена на јазикот, истакнувајќи дека е единствената институција од ваков вид што се грижи за примена на стандардниот албански јазик во Република Северна Македонија. Според нив, проектите преземени од оваа Агенција значително ќе ја подобрат состојбата на албанскиот јазик, но истовремено ќе ги сензибилизираат сите образовни институции за да обрнат внимание и да помогнат во аспект на примена на албанскиот јазик.

Скопје, 30.9.2019

Можеби исто така ви се допаѓа