Агенцијата за примена на јазикот ги пречека претставниците на Комората на извршители на Република Северна Македонија

62

На 13 август, во канцелариите на Агенцијата се одржа средба помеѓу претставниците на Комората на извршители на Република Северна Македонија и претставниците на Агенцијата за примена на јазикот.

Во оваа пригода, претставниците на Комората на извршители на Република Северна Македонија изразија подготвеност за спроведување на обврските што произлегуваат од Законот за употреба на јазиците, при што ќе послужат како клучен модел за ефикасно водење на извршувањето на одлуките во државата, придонесувајќи во владеењето на правото.

Тргнувајќи од тоа што Агенцијата за примена на јазикот е законски должна за поддржување и нудење помош при спроведувањето на обврските што им се наметнуваат на институциите од Законот за употреба на јазиците, страните детално го образложија истиот закон.

Агенцијата за примена на јазикот е подготвена да ја обезбеди потребната поддршка на Комората на извршители на Република Северна Македонија за ефикасно спроведување на своите обврски согласно Законот за употреба на јазиците во сите постапки за кои е надлежнa Комората на извршители.

Скопје,

13.8.2019

Можеби исто така ви се допаѓа