Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) продолжува со обуката за преведувачи и лектори

39
По едномесечниот прекин поради мерките против пандемијата, денес во Агенцијата за примена на јазикот продолжи обуката за преведувачи и лектори од јавниот сектор, чиишто залагања беа поздравени од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која и заменик-генералниот секретар на Владата на РСМ, Тахир Хани.
Директорот на АПЈ, Илбер Села, ги извести учесниците дека програмата за обука ќе трае три месеци. Поради пандемијата, тие се поделени на шест групи по десет лица. Тој додаде дека за оваа цел се избрани еминентни професори од областа на лингвистиката и на соодветна административна терминологија од Северна Македонија, Косово и Албанија. Секоја институција има испратено свој претставник и обуките ќе се одржуваат онолку колку што ќе има потреба.
Поздравувајќи ги учесниците од третата група на обуката, претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери, рече дека од моментот кога е основана Агенцијата за примена на јазикот таа го оправдала своето постоење и продолжува и понатаму со брз развој, што одушевува, во реализирањето на потребните активности за да се почитуваат законските одредби и уставните обврски на сите институции. Претседателот Џафери го поздрави амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која, којшто, според него, со посветеност и срдечност ја поддржува работата на Агенцијата, но и работата на сите други институции во Република Северна Македонија.
„Јзикот е жива материја, постојано е под влијание на различни текови и влијанија и затоа треба да се усогласи, да се модернизира, но не и да се претерува во тоа, затоа што ништо не може да се спореди и да звучи подобро од чистиот стандарден јазик, а сепак од оној изворниот“, истакна, меѓу другото, Талат Џафери, поздравувајќи ги и посакувајќи им успешна работа на учесниците.
Преку „Зум“ платформата, амбасадорот Клeменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја поздрави иницијативата на АПЈ за обука за преведувачи и лектори од јавниот сектор. Тој рече: „Ние во Мисијата на ОБСЕ во Скопје веруваме дека зачувувањето на индивидуалните права и правата на заедницата, почитувањето на различностите, промовирањето на етничките, културните и јазичните разлики, како и поттикот за заемно дејствување помеѓу учесниците во општеството се од животно значење за едно богато, сеопфатно општество за сите“.
Амбасадорот Која го искажа своето задоволство за можноста за соработка со АПЈ, уште од нејзиното основање, додавајќи дека оваа мисија: „останува посветена на заштитата од сите обиди за системска консолидација на едно сеопфатно општество. Ова го остваруваме во партнерство со сите надлежни органи, како што е и Агенцијата за примена на јазикот“.
Од името на Владата на РСМ зборуваше заменик-генералниот секретар, Тахир Хани, којшто на почеток цитираше еден мислител што има кажано дека јазичното прашање е премногу сериозно за да им се остави само на лингвистите, што значи дека и носителите на функции треба да се ангажираат за создавање темелна терминологија и стандарди.
„Преводот, лектурата, но и корекцијата се тесно поврзани процеси и се надополнуваат еден со друг“, рече тој, додавајќи дека Генералниот секретаријат на Владата на РСМ ја поддржа и понатаму ќе продолжи да ја поддржува Агенцијата за примена на јазикот во подготовката на стручен кадар. Хани ја искажа неговата доверба дека обуките ќе придонесат за подобрување на стандардите за правилна примена на албанскиот јазик. Тој, исто така, рече дека денес ситуацијата во тој поглед е подобрена и дека сè уште има институции коишто немаат обезбедено доволен број преведувачи, но и институции што наидуваат на проблеми кога е во прашање јазичната терминологија.
Можеби исто така ви се допаѓа